Американскиот Сенат до крајот на денот треба да ја заврши расправата за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Сенатот денеска ја продложи расправата за отповикување на Трамп, кој е обвинет дека ги поттикнал своите приврзаници на бунт и напад врз Конгресот на 6 јануари годинава.
Сенатот дозволи и повикување на сведоци, а потоа настана забуна за што гласале сенаторите – дали за повикување на сведоци или дали да се дозволи дебата за повикување на сведоци.
Исто така настана и недоразбирање дали треба да се сослуша лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, републиканскиот конгресмен Кевин Мекарти, кој вчера изнесе нови детали за телефонскиот разговор со Трамп.
Телефонскиот разговор, според демократите, покажува дека Трамп бил рамнодушен кон насилството во Конгресот иако бил известен за тоа.
Во меѓувреме, републиканскиот лидер во Сенатот, Мич Меконел изјави дека нема да гласа за предлогот на демократите за отповикување.
Мала е веројатноста дека демократите ќе обезбедат двотретинско мнозинство (за отповикување треба да гласаат 67 од 100 сенатори). Денеска е петти ден од дебатата за отповикување на Трамп, а
Претставничкиот дом веќе изгласа отповикување, но за одлуката да биде законодавна, мора да биде изгласана во Сенатот.