Слаткарницата Ајс Артисан Ијскрим во Фалкиркук во Шкотска создаде сладолед од мајонез. Сопственикот Кајл Џентлмен изјави дека идејата за овој необичен сладолед дошла од неговата голема љубов за мајонез.
Тој истакна дека во домашниот млечен сладолед, кој на самото место е пастеризиран, одлучил да стави и Хелманс мајонез и така добил сладолед со богата кремаста текстура.
Слаткарницата инаку е позната по понудата на поинакви вкусови на сладолед, а сопственикот гордо вели дека на луѓето главно им се допаѓа сладоледот од мајонез.
Идејата предизвика реакција и на социјалните мрежи и додека едни изразуваат гадење и остануваат верни на класичните вкусови, други велат дека би сакале што побрзо да го пробаат.