Во Грција, Босна и Црна Гора не може да се влезе со лични документи без Северна, но ако поминете со лична карта без новото уставно име во Србија, Косово и Албанија понатаму може со старите пасоши да патувате во сите земји во Европската Унија, но и надвор од неа. Ова се информациите на министерот Панче Тошковски, кои ги добил од терен, од амбасадори, но и од граѓаните, објавува Сител.
Но дали може да се направи некаков компромис со Грција, која е најатрактивна дестинација за македонците? Да се пополнуваат листови, за влез кај јужниот сосед како до пред неколку години, кога Грците не ни ги прифаќаа пасошите, според дополнителниот заменик министер, Бојмацалиев, не е опција.
Во меѓувреме, за да се ублажи хаосот со вадењето на лични документи, се отвори нов пункт во центарот Идризово, каде ќе може да се фотографираат граѓаните кои имаат закажано за итна постапка, односно оние кои имале закажано итно, а терминот им е во јуни, сега ќе ги повикуваат службите од МВР да се сликаат во новиот пункт.