Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре граѓаните ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без да закажат термин за вакцинација. Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.
Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.
Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, ќе има во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.
За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот Мој Термин.
-Министерството за здравство апелира до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација. Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема. Апелираме до сите граѓани да дојдат и да се вакцинираат, велат од МЗ.