Во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 14 сообраќајни несреќи, во кои едно лице се здобило со тешки , а 11 лица со лесни телесни повреди.
По преземените мерки и активности од страна на СВР Скопје од 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, од сообраќај се исклучени 16 возачи. Непрописно биле паркирани 98, а пајакот подигнал 72 возила.
Како што соопштуваат од СВР Скопје, денеска Одделението за превенција ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.