Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, соопштија од ЈО, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил.
Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице