На нејзината тенка линија не воздивнуваат само припадниците на посилниот пол, туку и следбеничките од понежниот пол знаат да и дадат лласкави комплименти за изгледот .
Манекенката Александра Накова иако е мајка на дете, оној што не ја познава тешко би поверувал дека задржала таква фит форма по породувањето.
Иако не е од оние што практикуваат да споделуваат фотографии од фитнес салите за вежбање или посебниот режим на исхрана, Накова вешто ги чува своите тајни на изгледот за себе, а ги покажува само резултатите на кои е особено горда да ги истакне на социјалните мрежи.
Кога жената дише со полни гради самодоверба, ја изнесува својата личност и однадвор преку облеката.
Дека живее диво, со слободен дух и стил покажа со последната комбинација која ја облече за излегување во ноќен клуб.
Имено, манекенката на себе ги истакна долгите нозе во кожени гачиќички и ролка во циклама нијанса, ја пушти долгата коса и ги обои усните со заводлив црвен кармин.
Тешко кој одолеа да не ја погледне, како виртуелно, а сигурно и непосредно, но и да искоментира дека е „Мрак на очи“, и „Камен маче“