Во Словенија се потврдени 1.690 нови позитивни случаи на коронавирус од направени 6.580 тестови во последните 24 часа, а 31 лице почина како резултат на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна повеќе од илјада, соопшти денеска словенечката влада.
Уделот на позитивни тестови е 25,68 проценти, што е помалку од претходниот ден, иако беа откриени повеќе инфекции поради опсегот на тестирање.
Вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 64.270, а бројот на починати на 1.026.
Во моментот во болниците има 1.219 пациенти со Ковид-19, што е за 21 пациент повеќе од претходниот ден, а во единиците за интензивна нега има уште 197 пациенти во тешка здравствена состојба.
Поради големиот број заразени меѓу медицинскиот персонал, систематското и задолжително тестирање на коронавирус ќе започне во здравствените установи од почетокот на следната недела. Здравствените работници ќе бидат тестирани најмалку еднаш неделно, а владата нареди подготовки за слични тестови во домови за стари и изнемоштени лица.
Во Србија, пак, во последните 24 часа биле потврдени 5.774 нови случаи на коронавирус кај 16.938 лица во Србија, а 28 лица починале.
Според новите податоци на Министерството за здравство на Србија, има 209 пациенти на респиратори.
Вкупно 116.125 лица се заразени во Србија од почетокот на епидемијата, од кои 1.168 починале.
Процентот на смртност е 1,33 отсто.