Пациенти заболени со Ковид-19 во Словенија првенствено се лекуваат во однос на симптомите, што значи дека доколку е потребно добиваат кислород и лекови за повисока температура.
Оние со сериозни симптоми добиваат редесивир, фавипивавир и дексаметазон, лекови за кои истражувањата покажуваат дека можат да бидат потенцијално ефикасни.
– Ремдесивир, антивирусен лек, се користи кај оние на кои им е потребна интензивна нега или имаат силно зголемена потреба од снабдување со кислород, објасни Матеја Логар, инфектолог во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.
Оние кои имаат нешто поблаги симптоми и се во почетната фаза на болеста, но со други болести им се дава фавипивавир, лек кој досега се користел за лекување грип.
На оние на кои им е потребен кислород, но го примаат за време на период кога фавипивавир повеќе не е одржлива опција им се дава дексаметазон, кортикостероид што се користи со децении, главно за лекување на разни видови воспаленија.
– Тие се лекови кои се покажаа врз основа на повеќе студии ефективни и имаат релативно поволен безбедносен профил“, додаде Логар.
Словенечките лекари не користат хидроксихлорохин, лек за артритис, кој исто така може да се користи за да се спречи маларија, ниту пак користат антибиотик азитромицин или ХИВ лекови, затоа што се покажале како неефикасни во неколку студии.