Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.
– Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.
Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.