Во Србија според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграција, се наоѓаат околу 6.000 мигранти, додека во четирите прифатни центри во општините во Пчињскиот округ каде мигрантите прво доаѓаат по преминувањето од Македонија сместени се 1.300 мигранти, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што изјави претставникот на Комесаријатот за бегалци и миграции, Слободан Савовиќ, во прифатните центрите во Пчињскиот округ, мигрантите најчесто се задржуваат неколку недели, со исклучок на прифатниот центар во Врање, во кој се сместени семејства, кои во просек остануваат неколку месеци.
-Поради коронавирусот, мерките за заштита и безбедност се засилени. Немаме никакви проблеми, кажа Савовиќ, додавајќи дека на мигрантите им е пружена здравствена заштита од почетокот на мигрантската криза.
Според извештајот на РТС, нема зголемен прилив на мигранти од правецот на Македонија, а мигрантите во Србија од тој правец влегуваат во помали групи.
На граничниот премин Прешево се спроведуваат мерки против коронавирусот, каде сите службеници носат заштитни маски и подготвени се секој сомнителен случај веднаш да го пријават на на дежурната санитарна инспекција