Во светот досега се аплицирани над 4,93 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Анадолија.

Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека најмногу дози се администрирани во Кина, над 1,94 милијарди дози. Следуваат Индија (над 576,37 милиони дози), САД (361,68 милиони), Бразил (173,65 милиони), Јапонија (115,74 милиони), Германија (99,34 милиони) и Велика Британија (89,70 милиони).

Повеќето вакцини се даваат во две дози, а некои држави, како што е Турција, започнаа да даваат и трета доза. Затоа, бројот на дози не одговара со бројот на вакцинирани лица, потестува Анадолија.

Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 212,3 милиони, додека како последица на вирусот починале над 4,44 милиони.