Во Лавов исчезнала хуманитарната помош вредна околу еден милион долари, јави украинскиот портал NGL.media.

– Се работи за случај на исчезнување на околу 10.000 ИФАК тактички комплети за прва помош, со вкупна вредност од 33,6 милиони гривни, кои биле купени и испратени од американски доброволци за вооружените сили на Украина, пишува порталот, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на новинарот.

Според него, по почетокот на руската инвазија врз Украина, украинската дијаспора во САД почнала да собира активна помош за украинските војници и цивилите. Една од најактивните организации била Обединетиот украинско-американски комитет за помош.

Според извештаите, за една и пол година, организацијата испратила повеќе од 30 морски контејнери со хуманитарна помош. Трошоците за транспорт на еден морски контејнер од САД до Украина се околу 8.000-10.000 долари.

Во октомври 2022 година, Лилија Ташчук, Американка со украинско потекло, се обратила пред комитетот, велејќи дека соработува со регионалната воена управа на Лавов и оти може да плати за испорака на помош во Лавов.

Истиот месец, во Украина бил испратен контејнер со гас-маски, вреќи за спиење, зимски униформи и чизми, како и речиси 10.000 ИФАК воени комплети за прва помош во вредност од околу еден милион долари. Подоцна се покажало дека товарот не завршил во „Центарот за волонтерство и заштита“, како што првично се претпоставуваше, туку е предаден на војниците на регионалната воена управа.

Наводно, регионалната администрација на Лавов го потврдила приемот на дел од товарот, но уверила дека нема комплети за прва помош, кои биле највредниот дел од хуманитарната помош.

– Товарот пристигна преку полско-украинската граница, дури беше регистриран од полските цариници. Потоа нешто му се случи, беше отпечатен и на непознат начин некои работи завршија во Лавов во магацинот на Регионалната управа на Лавов, а останатото едноставно исчезна, пишува порталот NGL.media