Снимателот на американскиот Фокс њуз е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП.
Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина.
Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повреден дописникот на Фокс Бенџамин Хол.
– Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот.