Русија денеска им ги предаде првите пасоши на жителите на Херсон, градшто меѓу првите падна под окупација на руските војници во јужна Украина.

Според руските медиуми, на денешната церемонија 23 жители на Херсон добиле руски пасош.

Патните документи се доделуваа по „поедноставена процедура“, благодарение на декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин на крајот на мај.