Во Велика Британија следната недела стапуваат во сила промените на законот со кои е предвидено возач кој во сообраќајна несреќа усмртил друго лице би можел да биде осуден на доживотен затвор.
Измените на Законот за полиција, криминалитет, казни и судови стапуваат во сила на 28 јуни.
Предвидено е судиите да можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и на алкохол.
Максималната казна за сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.
Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.