Во средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ се врши притисок врз учениците за да се вратат на настава, а како што дознава скопски Курир.мк од свои извори на некои ученици ветувани им се оценки доколку истите ги натераат да ги убедат останатите да се вратат во училишните клупи.
Имено, како што велат нашите извори, пишува Курир, повикувани биле поедини ученици и им биле ветувани оценки, доколку ги натераат останатите ученици утре да се појават во училиште.
Покрај притисоците врз учениците, се врши притисок и врз наставниот кадар кој што не е во штрајк, и од нив се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училиште.
Имено, Курир дојде до допис од директорката на училиштето „Васил Антевски-Дрен“, кој што беше испратен до наставниците, и од кои се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училишните клупи.
-Класните раководители и наставници кои не се во штрајк, и се на своите работни места, согласно донесената Одлука бр. 02-724/1. од 27.04.2022 год. а во согласност со Законот за средно образование и Законот на наставници да ги повикаат учениците да се вратат наредовна настава утре 28.04.2022 година (четврток) која продолжува да се организира со цел исполнување на наставнитепрограми со распоред на часови кои ќе се прилагодуваат согласно наставниците кои не се во штрајк, стои во дописот од директорката на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје Таља Јовановска, а испратен до наставниците.