Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ пред споменикот на загинатите борци од Егејска Македонија и бистата на Мирка Гинова во Велес, со положување на цвеќе и пригоден реферат и програма одбележа 74 години од стрелањето на македонската хероина Мирка Гинова на 27 јули 1946 година и воедно 71 година од Граѓанската војна во Грција.
Букети свежо цвеќе во чест на овие македонски борци положија членовите од ова велешко здружение заедно со членовите на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и други вакви здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Штип, Битола и Скопје, како и претставници на Сојузот на борците, од Општина Велес и Градско, од политичките партии и членови на нивните семејства.
За животниот и револуционерниот пат на македонската хероина Ирина Гинис на македонски позната како Мирка Гинева 1916 -1946, потсети Александар Јаневски претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола.
Таа била првата жена стрелана во Грција од политички причини, вината на учителката Ирина Гинис била нејзината борба .
-Мирка Гинова е деец и борец за демократијата и слободата. Во време на Втората Светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадниците македонски и грчки патриоти се бореше против фашистичкиот окупатор во Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како мирен во замена на идеалите на македонската борба и слобода, како борец за македонското национално ослободително движење,т аа стана симбол за храброст и смелост на македонската жена, потенцира Јаневски.
Тој потсети дека Мирка Гинова во 1945 година се приклучила кон тајното македонска одлободителна револуционерна организација. При избувнувањето на Граѓанската војна во Грција учествувала во вооружените групи на народноослободителниот фронт. На 6 јули 1946 година во местото Долга Ливада на планината Почит во близина на Воден, Мирка Гинова формирала мал партизански одред. Набрзо во една акција на 400 грчки жандари и војници одредот бил опколен и Мирка Гинова која била единствена вооружена убила двајца жандари. Кога останала без муниција заедно со шестмината свои другари била заробена.Таа била ѕврски мачена и била носена по улиците на Воден.
-Но, таа останала исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето што се собирале да ја видат, а по што била ѕверски измачува и закопана до висина на вратот. Потоа биле однесени на судење во градското училиште заедно со шестмината другари судот ја осудил на смрт со стрелање. Таа со шестмината соборци била стрелана утрото во 6 часот на 27 јули 1946 година, при стралањето таа не дозволила да и ги затворат очите, а цело време ја пеела Интернационалата.
Грчки војник кој присуствувал на чинот на стрелањето ги забележал последните мигови од животот на Мирка Гинова.
Во писмото испратено до нејзиниот татко Костадин тој напишал Ви честитам за ќерката што сте ја родиле ја пресретна смртта со несмевка на усните, смело пеејќи, а сите присутни се зачудија.
Кога ја прашал што сака да напишат до нејзините родители, таа му рекла ако милувате пишете му го ова на татко ми
-Умирам затоа што верувам со сета своја душа како чесна, а не како нечесна, не за мојот а за поарен живот на другите, беше чудесна и до пред смртта не покажа малодушност, а и другите, но најмногу таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, тука да ја изложам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас еден војник кој должноста го натера да присуствува на овој жален чин, потсети Јаневски.
На денешниот настан присуствувала и 82 годишната Јованка Маркоска која е една од семејствата на убиените, кои со солзи на очите положиле цвеќе на споменикот на загинатите борци од Егејскиот дел на Македонија.
Таа за МИА раскажа дека нејзиниот брат Атанас Марков на 20 години бил заробен и убиен во Граѓанската војна во Грција. Неговото име е запишано на споменикот. Ни рече дека бил заробен и осуден на смрт на 20 јуни 1948 година во градот Негуш. Таа за него и сите загинати борци од болка напишала и посветила и стихови.
– Бело Море-Беаскуле. Крвави солзи бели очи, крај, рече со солзи во очите 82 годишната Маркоска.