Повеќе луѓе во Велика Британија примиле трета доза вакцина против Ковид-19, сметано по глава на жител, отколку оние кои примиле прва доза во Африка, покажуваат податоците објавени на сајтот „Our World in Data“.

Заклучно со 26 октомври, околу 9,4 отсто од населението во Велика Британија примило трета доза, во споредба со 8,5 проценти од населението во Африка со прва доза вакцина. На африканскиот контингент целосно вакцинирани се само 5,6 отсто од населението, пренесува Гардијан.

Најновите податоци откриваат јаз во вакцинацијата меѓу земјите со високи и ниски приходи, особено во Африка, а Велика Британија е меѓу оние земји обвинети за складирање вакцини на сметка на поранлива популација.