Велика Британија денеска го соопшти најлошиот дневен биланс на новозаразени со коронавирус од почетокот на пандемијата – 41.385 нови случаи.
Британските медиуми јавуваат дека новиот вид на коронавирус, што брзо се шири низ земјата, ја зголеми стапката на инфекции, а празничниот викенд влијаеше за пријавување на зголемен број нови случаи.
Според статистичките податоци на владината веб-страница, регистрирани се уште 357 смртни случаи во рок од 28 дена откако испаднале позитивни на тестот за коронавирус.