Венеција се подготвува за забрана за носење флаши со алкохол на улици. Таа мерка треба да ја намали метежот на улиците по огромниот прилив на туристи.
Градот разгледува парични казни за секој што носи алкохол по 19 часот, дури и ако е затворен во кеса. Полицијата тврди дека не планира да запира жители на градот на пат до дома одпродавница туку – пијани лица. Милиони туристи годишно ја посетуваат Венеција, но таму живеат само 55.000 луѓе.
Италијански медиуми јавуваат дека таа мерка подразбира забрана за носење пијалок во јавен простор „без оправдана причина“ и се оденсува на алкохол од кој било тип. Тоа ќе биде една од најстрогите прописи на североистокот во Италија