Словачкиот премиер и Министерството за одбрана се во расправија во врска со договорот за купување американски воени авиони Ф-16 што е најголема воена зделка на таа држава членка на НАТО.
Министерството за одбрана соопшти синоќа дека склучиле договор за купување 14 борбени авиони Ф-16, оружје и програма за обука во вкупна вредност од 1,58 милијарди евра.
Неколку часа подоцна, премиерот Петер Пелегрини изјави дека договорите не ги одобриле во Министерството за финансии.
Аналитичари укажуваат дека несогласувањето помеѓу двајцата политичари е поврзано со интерна борба во коалицијата во која се наоѓа и трет партнер, унгарската партија Мост-Хид.