Со незапирливата инфлација и постојаното зголемување на цените, посебно на храната, Американците сѐ повеќе се свртуваат кон Мекдоналдс, соопшти Си-ен-ен.
Се соопштува дека светски познатиот ланец на сендвичи, што во САД пред пандемијата беше главно користен од луѓето со ниски примања, сега станува задолжителна локација и за средната класа.
-Посетите на луѓето со ниски примања се зголемуваат, изјавија од Мекдоналдс.
Но, исто така, посетителите на други ресторани сѐ почесто избираат да одат во Мекдоналдс поради пониските цени и по бавното зголемување на цените во рестораните. Според американското Биро за трудова статистика во текот на годината до септември, цените на намирниците во продавниците се зголемиле за 13 отсто, додека цените во рестораните за истиот период пораснале за 8.5 отсто.
Мекдоналдс, исто така, користи и маркетиншки трикови да привлече повеќе посетители како воведување на „хепи мил“ (happy meal) за возрасни сендвичот со ребренца.
Во историјата, Мекдоналд се покажал како бренд отпорен на економски кризи, па компанијата коментира дека се предвидени слични сценарија и во сегашната криза, и дека очекува „мала до средна рецесија во САД“, како базичен случај.
-Мекдоналдс е успешен во секаква бизнис атмосфера, изјавија од компанијата.