Управниот одбор на Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 на Советот за регионална соработка денес го поддржал извештајот за нејзината примена во која се покажува дека во регионот се отворени нови 600.000 работни места.
Генералниот секретар на Советот, Горан Свилановиќ изрази задоволство од охрабрувачките резултати кои регионот ги покажува, иако додаде дека и натаму има многу работа.
-Среќен сум што Западниот Балкан повторно е на патот на раст, затоа што од 2010 година во економиите на регионот се отворени 600.000 работни места- изјави Свилановиќ.
Поранешниот српски министер за надворешни работи наведува дека регионот има и одлични извозни резултати во изминатите седум години и дека трговијата ја зголемил за дополнителни 33 милијарди евра, а трговскиот дефицит го намалил од 23,1 на 19,7 отсто од БДП. Тоа, според Свилановиќ, укажува на конкуретноста на производите и услугите од регионот на странските пазари.