Осомничениот педофил Џефри Епстајн изврши самоубиство, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на полициски извори.
Според весникот, рано изутринава е изнесено тело од затворот во Менхетан, каде Епстајн издржуваше затворска казна и потоа е пренесен во локалната болница.
Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен, каде чекаше судење по обвиненијата за трговија со сексуално робје. Точното време и околности на самоубиството на Епстајн не се познати.
Милијардерот следната година на суд требаше да се соочи со обвиненијата за сексуално злоставување на десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида. Тој пред две недели се обиде да се самоубие во затворот , по што беше ставен под 24-часовна стража. Епстајн, кој беше уапсен на почетокот на јули поради федерални обвиненија, тогаш беше пронајден на подот на својата ќелија во положба на фетус и имал траги од повреди на вратот.
Доколку на претстојното судење тој беше прогласен за виновен, ќе се соочеше со затворска казна до 45 години.