Во Зоолошка градина-Скопје денеска ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид, на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.
Од 12.00-15.00 часот посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а при тоа и да донираат за Настеска.
Во Зоолошката градина неколку денови ќе бидат поставени кутии за донации.