Треба да пиеме многу вода во текот на денот, но понекогаш грешиме трудејќи се да испиеме доволно.
Не е во ред доколку наеднаш во текот на денот го испиеме она количество вода што го препорачуваат експертите. Претходно се советуваше да се испијат осум чаши вода во текот на денот, но неодамна најновото истражување вели дека во текот на денот ќе треба да испиеме 15 чаши вода.
За да се испочитува препорачаната доза се советува почесто да се пие вода и доколку не се чувствува жед, иако лекарите не се согласуваат со тоа.
Иако водата е добра за здравјето на кожата, за имунолошкиот систем, за нивото на енергија, претераното пиење вода е бесмислено, а понекогаш и опасно.
Жедта е контролирана од нивото на натриум во телото, кој може силно да скокне за време на тренинг.
Ако пиете вода во големи голтки, често ќе одите во тоалет, а во екстремни случаи може да предизвика проблеми со срцето и со бубрезите.
Најдобар начин е да пиете онолку колку што ви треба и да го слушате своето тело.
– Кога ни треба повеќе вода од вообичаеното, нашето тело веќе регистрирало премногу сол, вели доктор Стефани Лонг од „Уан медикал центар“ во Сан Франциско.
Малите голтки се доволни за хидратација на организмот, а секако постои врска меѓу мозокот и телото, кој ни сигнализира кога е доста.
– Кога чувствуваме потреба за големи количества вода и кога ни доаѓа природно да пиеме во големи голтки, како по вежбање, тоа е сосема во ред, ќе запреме кога ќе ја згаснеме жедта. Важно е да пиеме вода полека и со уживање, затоа што ако испиеме вода за многу кратко време, постои опасност да се наголтаме и воздух, што може да предизвика проблеми кај срцето, бубрезите и варењето, советува Лонг.