Водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес, а која со години се користи за наводнување, рекреација и риболов е со лош квалитет ризична по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, стои во заклучокот од официјалниот извештајот изготвен од стручен тим од неколку доктори на науки од ЈНУ Хидробилошки завод Охрид, а на барање на ЈП за водостопанство „Лисиче“ Велес, а кое стопанисува со водата на езерото и врши редовни испитувања.
Како што информираа за МИА членови на тимот, тие при земање мостри на вода на езерото „Младост“, последниот месец во нивната интерна лабораторија констатирале индикатори за параметри на водата кои се над дозволената граница на квалитет и затоа побарале дополнително анализи на водата да направи стручен тим на Хидробилошкиот завод Охрид. Овој извештај е од извршените физичко –хемиски, микробиолошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи на акумулацијата „Младост“, а денеска е објавен и официјално и на страната на ЈПВ Хидросистем „Лисиче“ од Велес.
Тие пак како што појаснија за МИА, извештајот го пратиле и до локалната власт до надлежното МЖСПП и надлежните инспекторати за животна средина на понатамошно постапување по истото, а со цел да се спаси езерото вештачка акумулација „Младост“ кај Велес.
Во извештајот на Хидробилошки завод Охрид се потенцира дека класификацијата е направена според европските директиви и најновата класификација дадена од експерти за микробиологија од Унијата. При тоа е констатирано дака примената кај добиените резултати од овие истражувања покажува дека водата од сите локалитети на езеро „Младост“ е со фекално и органско загадување.
Посебно е загрижувачко присуството на вкупните колиформни бактерии и индикатори на фекално загадување за цело време од истражувањето на сите локалитети на езерото вклучувајќи го и Отовичкиот залив каде Отовичка река се влива во езерото.кои укажуваат на антропогено – човеково влијани врз овој дел од акумулацијата.
Добиените резултати од микробиолошките истражувања покажуваат дека според застапеноста на вкупнит колиформни бактерии и Уредбата за категоризација на водите, квалитетот на водата од акумулацијата „Младост“ е со лош квалитет 4та и 5та класа, се вели во извештајот на Хидробиолошкиот завод од Охрид.
Стручњаците од Хидробилошки завод заклучуваат дека акумулацијата езеро „Младост“ умира, бидејќи нема дотур на вода од Отовичка река која е сува, а што би влијаело на подобрување на квалитетот на водата во езероото.
Тие констатираат дека во езерото има масовен развој на алги, а со изумирање на алгите доаѓа до разградување на мртвата маса за што се троши големо количество кислород, што за жал доведува и до изумирање на животинскиот свет во езерото „Младост“.
Стручњаците од Хидробилошки завод Охрид за надминување на лошите состојби и спас на Велешко Езеро препорачуваат да се врши механичко отстранување на наслагите од алги, како и таканаречените душеци – мртва растителна маса која плови на површината на водата, а со што се оневозможува збогатување на екосистемот со органски материи и нутриенти при разградбата на органската материја.
Воедно препорачуваат дека е неопходно Итно механичко чистење, отстранување на конгломератите кои се наталожиле на дното на акумулацијата со багерирање. Посебно препорачуваат снабдување на акумулацијата со свежа вода.
На барање на Општина Велес во текот на овој месец испитување на водата на велешко езеро Младост“ направија од овластената лабараторија „ФУД Лаб“ од Скопје. Тие констатираа дека на три од нив – Градска плажа, Хотел „Романтик“ и кај бродот „Панини“ има добри резултати за површинската вода и микробиолошка и хемиската анализа, додека анализата на површинската вода на плажа кај Ресторан „Бела вода“ покажа добри хемиски резултати а микробиолошката дека има фекално загадување.
Испитување врши и Центарот за јавно здравје Велес, на две плажи Градска Плажа и кај Хотел „Романтик“. Нивните резултати, по анализите од месец јуни, се дека површинската вода на овие две плажи е добра и се препорачува за капење.
Изминатиот викенд пет велешки здруженија, риболовци, екологисти, бригадири, и активисти на Црвениот крст самоиницијативно извршија чистење од Велешко Езеро „Младост“ и собраа над 25 тона од овие непознати за нив штетни материи кои се натрупани кај Отовичкиот залив на Велешко Езеро „Младост“.
Тие со финансиска подршка од Општина Велес и хотелите покрај Езерото, собраниот отпад од езерото во цистерна со над 25 тона го однесоа во Биогасната станица кај село Сарамзалино.
Од „Вила Зора“ за МИА најавија и следни вакви акции во наредните викенди за што ќе ја известат јавноста. Тие претпоставуваат дека на велешко езеро „Младост“ има околу 300 тони вакви материи кои штетни влијаат на опстанокот на езерото. (МИА)