Професор Џон Кемпбел
Зборував со професорот Ангус Далглиш. Тој е еден од најчистите и најотворените умови кога се зборува за пандемијата. Професор Далглиш е професор по онкологија и еден од најстарите лекари во земја. Сакам да ви обрнам внимание на еден негов напис и тој има напишано во овој напис дека според неговото мислење „mRNA вакцините мора да бидат забранети еднаш засекогаш“.
Сега да видиме кое е неговото образложение за ова и да видиме дали има смисла. Кон крајот на минатата година, тој вели, „пријавив дека пациенти со меланом“ – тоа е рак на кожата – но се шири по целото тело и меланомот може убие пациент навистина многу брзо, сум видел пациенти кои умираат од меланом за неколку месеци, не години, но професорот Далглиш ги одржува во живот своите пациенти 5, 10, 15, 20 години што е извонреден успех во онкологијата – така на крајот на минатата година професорот Далглиш пријавил дека има “реактивирање на меланомот кај пациенти со меланом кои биле во стабилна состојба со години“. Но, реактивирањето се јавило по примањето на првата бустер доза. Тоа е третата вакцина, а тој вели и во оваа статија дека „бројот на моите засегнати пациенти кои биле стабилни, а им се јавило реактивирање на меланомот се зголемил“. Ако ова го вели проф. Далглиш тоа треба да се сфати сериозно. Ако не е така, властите треба да кажат дека проф. Далглиш греши и дека нема зголемување на меланомот по бустер дозите од вакцината. Досега не сум ги слушнал да кажат така и да го побијат професорот.
Други онколози од целиот свет, вклучително и од Австралија и САД ме контактираа а исто така контакти имал, како водечки онколог во светот, и професорот Далглиш и сите тие пријавуваат дека по бустер дози има се повеќе лимфоми. Лимфомот е потенцијално смртоносен рак на лимфниот систем што го имате. Веројатно сте слушнале за Хочкинс и нон Хочкин лимфом. значи се повеќе лимфоми се пријавени кај професорот Далглиш, како и се повеќе леукемии, потоа рак на бубрезите, и дека потоа пријавено е дека се случува вистинска епидемија на ректален карцином со метастази. Канцерот започнува во дебелото црево и се раширува на црниот дроб. Идеално би било да се открие додека е во дебелото црево, но тоа не се случува. а кога ќе се прошири на црниот дроб прогнозата е многу мрачна.
И повторно доаѓаме до властите кои треба да излезат и да кажат дека ова не е точно, ако навистина не е точно, но ако е точно тоа не е поврзано со вакцините. Значи се што треба е регулаторната власт да каже „знаете, го разгледавме ова, таму нема зголемување на лимфомот, нема зголемување на леукемија, нема зголемување на рак на бубрезите, нема зголемување колоректалниот рак и ако има, сигурно не може да се припише само на вакцините против ковид“.
Ако ова јас го кажувам, можат да ме игнорираат, но кога ова го кажува еден од водечките светски онколози, тоа е прашање што треба да добие одговор. Ве молам регулатори, има тврдење дека има зголемување на канцерите и се откриваат во доцна фаза, ве молам излезете и кажете дека ова не е точно и намалете ја мојата загриженост.
Професорот Далглиш знаеше од почетокот дека во САРС Корона вирусот 2 се вметнати делови што укажуваат на потенцијална лабораториска манипулација. Тој тоа го кажа од самиот почеток, како што кажа и дека вакцината не останува на местото на инјектирање како што треба, туку се раширува по целото тело. Се разбира, овие предупредување беа отфрлени од властите, а сега знаеме дека се покажаа точни и се поткрепени со темелни научни докази. Тој зборуваше и за ДНК контаминација.
Сега прашањето е зошто се јавуваат толку многу канцери? Професор Далглиш го објаснува ова со потиснување на Т-клетките, клетки кои се одговорни за нашиот имун систем. Тие би требало да го препознаваат ракот во рана фаза и да го убијат. Но, тој исто вели дека сега треба да се разгледа и Simon virus 40 интеграцијата во ваквото ширење на ракот. Тоа што треба властите да кажат е дека не постои ДНК контаминација на вакцините и сите мирно да си одиме дома. Но, знамеме дека нема да го кажат тоа.
Знаеме и дека mRNA спајк протеинот се врзува за p53, уште еден супресор на канцер клетките и сега имаме дека гените кои го потиснуваат ракот се всушност потиснати. Спајк протеинот се врзува за ракот супресорните гени и ја запира нивната работа правилно, што повторно не води до регулаторните власти кои би ѕребало да кажат дека протеинот спајк од мНРА вакцините не се врзува за p53 или други гени кои го супресираат ракот и да заборавиме на сето ова.
Професорот Далглиш вели дека сега да советуваш некого да прими бустер доза не е ништо друго освен медицинска неспособност. Ако тоа се практикува и понатаму, треба да биде забрането, посебно што има се повеќе канцери кај младите луѓе.
Евростат – европската агенција за статистика – соопшти дека кардиоваскулаторните болести и канцерите се виновни за 54 отсто од смртноста во ЕУ. Во 2021 година има 5,3 милиони смртни случаи во ЕУ од кои кардиоваскуларните болести се виновни за 1,7 милиони, канцерите за 1 ,4 милиони и тие се најчестите две болести како виновницте за смртноста. Драстично зголемување има и кај кардиоваскуларните болести, тие имаат навистина драматичен пораст, барем во Англија. Евростат пријави во 2022 година зголем број на смртни случаи. Во април имало 12% повеќе од нормалното, во јуни било 7% повеќе од нормално, јули имало 16% повеќе од нормално, знаеме дека ова продолжи и во 2023 итн.
Податоците за јануари 2024 година покажуваат дека највисоки стапки на вишок смртност имало во Холандија – 15,3%, во Данска 11,5%, повторно зборуваме за јануари 2024 година – во Германија 9,9% во јануари 2024 година.
Кои земји имале најмалку вишок на смртност во јануари 2024 г.? Тоа се Романија, Бугарија, Унгарија, Литванија, Хрватска, Луксембург, Словачка, Полска, Латвија, Чешка… немало вишок смртни случаи.
Така што може да се заклучи дека во западните земји имало повеќе смртност од вообичаената смртност, а тоа не е случај кај источните земји. Загрижен сум поради ова и треба да се истражи зошто ова е така. Благодарам за гледањето за видеото.