Воен авион Мираж 2000 со два члена на екипаж полетал од восна база Нанси Орсеј во Франција и исчезнал по 11 часот по локално време во планински предел меѓу департментот Дубс и Јура, објави префектурата на Дубс.
Активиран е план за спасување и кој е воспоставен за покренување потрага во случај авион да мора принудно да слета или ако се урнал.
Според извор на кој се повикуваат француските медиуми, двата члена на екипажот кои биле во авионот не се одговараат на повици.
Потрагата во планинското подрачје е отежната поради снег и намалена видливост. Авионот не бил опремен со оружје и дополнителен резервоар за гориво.