Словачка одлучи да ги одложи одлуките за воена поддршка за Киев во очекување на новата влада по изборниот успех на партиите кои се противат на помош за соседна Украина, соопшти Претседателството во Братислава.
– Претседателката (Зузана) Чапутова го споделува гледиштето на (премиерот во оставка Лудовит) Одор, според кого одлуката за ова прашање треба да ги одразува резултатите од последните парламентарни избори, изјави Мартин Стризинец, портпарол на претседателството.
– Одлуката да се обезбеди воена помош во овој момент би поставила преседан за идни промени во политичката моќ. Исто така, сегашната влада во заминување има ограничени овластувања“, додаде портпаролот. Тој не кажа дали наскоро ќе бидат донесени некои важни одлуки, но нагласи дека претседателката Чапутова „не го сменила својот став за воената помош за Украина и дека ќе продолжи да ја поддржува во границите на можностите што сè уште се достапни за словачките вооружени сили.
Во понеделникот, претседателката му додели мандат за формирање нова влада на популистот Роберт Фицо, кој се противи на воената помош за Украина и се смета за проруски настроен.
Неодамна запирање на воената помош беше објавена и од Полска, по говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН.