Со последната транша од 500 милиони евра за помош на украинските воени сили вкупната воена помош на ЕУ за Украина сега достигнува 2,5 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.
Помошта за украинските воени сили на ЕУ е преку Европскиот мировен фонд, кој е меѓувладин инструмент на ЕУ, таа не поминува преку заеднички европски политики. Целта е да и се пружа помош на украинската војска за одбрана од руската агресија и да им се помогне на цивилите.
Денеска е усвоена нова транша од 500 милиони евра во рамките на Мировниот фонд на ЕУ и Киев, со што од 28 февруари досега Украина добила 2,5 милијарди евра од ЕУ само во воениот дел.
Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ја поздрави оваа нова помош која се состои од 490 милиони евра за воена опрема и 10 милиони евра за резерви на разни видови опрема како лична заштитна опрема, прва помош и гориво.
Претходно преку Европскиот мировен фонд мобилизирана е помош на 28 февруари, 23 март, 12 април и 23 мај.