Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, објавија новинарите на Франс Прес од местото на настанот, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел.

Сè уште не е познато дали експлозиите се предизвикани од израелски напади или од оган од иранската воздушна одбрана.

Претходно, иранските медиуми објавија дека најмалку пет ирански војници се убиени, а девет се ранети во израелски напад во западниот дел на Иран денес.

„Пет армиски офицери се убиени, а девет се ранети во денешниот напад на израелскиот режим врз градот Сумар“, во западната покраина Керманшах, објави локалната агенција Фарс, повикувајќи се на локалните власти.