На дрон што синоќа го погодил Киев, наводно пишувало „Среќна Нова Година“, објави Киев пост, пренесувајќи фотографии од началникот на киевската полиција.
Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади плачеа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година. Парчиња од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти“ лансирани од Русија. Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци.