Украина би можела да направи територијални отстапки како дел од преговорите за мирно решавање на конфликтот, изјави американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц во интервју за Си-Ен-Ен.

„Јасно е дека тоа ќе бидат некакви територијални отстапки за безбедносните гаранции. За ова се разговараше во претходните рунди. Гаранциите мора да бидат трајни, а не привремени и мора да бидат преземени од Европа“, нагласи Волц.

Според него, Киев се уште не е подготвен за конкретни предлози, што предизвикува разочарување во Вашингтон.

Волц, исто така, истакна дека Украина нема да стане членка на НАТО, бидејќи тоа автоматски ќе ги вовлече САД во конфликтот.

„Треба да ги доведеме сите страни на преговарачка маса, но засега не ја гледаме подготвеноста на Украина“, додаде тој.