Постојаното зајакнување на доларот се заканува за заздравувањето на американските берзански индекси, негативно влијае на профитот на компаниите и, исто така, ги зголемува стравувањата за забавување на економскиот раст на земјата, пишува њујоршки Волстрит џурнал.
Во споредба со февруари минатата година, доларот се зголеми за околу 7,25 проценти, при што до неодамна имаше раст во седум последователни сесии, што му овозможи на индексот на доларот на ВСЈ целосно да ги покрие загубите од оваа година. Стабилноста на доларот противречи на очекувањата на Волстрит: многу инвеститори претпоставуваа ослабнување на американската валута поради забрзаниот раст на европските економии и неодамнешната промена на реториката на Управата на федералните резерви (ФЕД). Истовремено, многу економии во светот се забавени, а економијата на САД се покажа посилна.
Зајакнувањето на доларот создава се повеќе проблеми за американските транснационални корпорации, кои добиениот профит во странство треба да го сменат во долари. Компјутерскиот гигант „Интернбешанл Бизнис Машинс Корпорејшн“ (ИБМ) и производителот на стоки за широка потрошувачка „Џонсон енд Џонсон“ признаваат дека скапиот долар се одразил негативно на нивниот приход во минатото тримесечје.
Според оценката на „Бенк од Америка Мерил Линч“, врз продажбата на американските компании наскоро ќе биде нанесен најсериозниот удар од 2017 година, кој ќе биде предизвикан од промените во девизните курсеви. Тоа е лоша вест за инвеститорите кои стравуваат дека показателите од минатото тримесечје се загрижувачки сигнал за пазарот.
Зајакнувањето на доларот се случува во непријатно време за економијата на САД, бидејќи повеќе учесници на пазарот се плашат дека забавувањето на светската економија, трговските конфликти и последиците од двегодишните превирања на монетарната и кредитната политика на ФЕД, негативно ќе влијаат на економскиот раст на САД. Во светот, силниот долар врши притисок врз цените на стоките кои се тргуваат во долари и тие стануваат поскапи за купувачите кои користат други валути.
Некои инвеститори сметаат дека доларот има простор за натамошен раст. Централните банки на различни земји во светот, почнувајќи од Австралија и завршувајќи со Канада, од неодамна го делат ставот на ФЕД за иднината на каматите и, најверојатно, разликата помеѓу профитабилноста на американските хартии од вредност и оние на останатите земји ќе остане без промена во краткорочна перспектива.
Некои аналитичари истакнуваат дека зголемувањето на профитабилноста на американските обврзници во комбинација со релативната сила на американската економија се аргумент за купување деноминирани средства во долари, и покрај веројатноста од нивно поевтинување во блиска иднина.
Бен Рендел, постар аналитичар во „Бенк од Америка Мерил Линч“, очекуваше пад на вредноста на доларот на почетокот на оваа година, но во последниве недели тој ја промени својата оценка за перспективите на американската валута на попозитивно, земајќи ги предвид очигледните знаци на забавување на глобалната економија.
– Другите економии во светот слабеат и можеме да кажеме дека американската економија е доволно силна. Под овие околности, доларот, најверојатно, и натаму ќе јакне, изјави тој.
Последните податоци од Еврозоната го потврдуваат неговото мислење. Претходно, во февруари прогнозата за економскиот раст на Еврозоната за 2019 година беше ревидирана во надолна насока до 1,3 процент од 1,9 отсто, колку што се предвидуваше во ноември. Причина за тоа беа стравувањата односно перспективите за Брегзит, слабеењето на побарувачката на Кина, како и загриженоста на инвеститорите за големиот пораст на италијанскиот јавен долг. Минатата година еврото опадна за повеќе од осум проценти.
Официјалните податоци од понеделникот укажуваат дека стапката на раст на британската економија во 2018 година забави на најниско ниво во последните шест години, поради неизвесноста поврзана со Брегзитот.
Перспективите на останатите економии, исто така, се нејасни. Растот на кинеската економија во 2018 година се покажа како најслаб во последните 30 години. Австралиската централна банка претходно во февруари предупреди на ризик од посериозно слабеење на економијата, поради паѓање на цените на имотите и слабата продажба на мало.
– Претходно на пазарот преовладуваше мислењето за релевантност од кратки позиции на доларот во 2019 година, а сега сите, кои ќе го споделат, плаќаат за тоа, вели Ед ал Хусеин, постар аналитичар во „Колумбија Триднидл“.
Според него, доларот ќе продолжи да расте во однос на еврото, со постепено продлабочување на стравувањата на инвеститорите за економските ризици поврзани со Брегзитот.
Вредноста на доларот се зголеми во однос на другите валути на развиените земји, но тој е поевтин од многу валути на економиите во развој, кои многу често можат да понудат повисоки цени од развиените земји. Ризиците од трговијата со валути на земјите во развој може да се зголемат во последниве недели, ако продолжат стравувањата за иднината на глобалната економија, а САД и Кина не успеат да постигнат значителен напредок во трговските разговори, забележуваат инвеститорите.
Момчил Пожарлиев од „БНПО Париба Асет Менеџмент“ овој месец попозитивно ја оцени иднината на доларот, што соодветствува со реториката на светските централни банки.
Тој се потпира на фактот дека повисоките приноси во САД ќе го поддржат доларот во однос на валутите на Австралија, Канада и Нов Зеланд. Тој предвидува раст на доларот во првата половина од тековната година за околу пет отсто во споредба со кошницата на другите валути.
– Состојбата со доларот сега изгледа различно, вели аналитичарот.