Претставници на американските воено-поморски сили и на сојузниците изјавија дека Русија во моментов распоредува повеќе подморници и на подолготраен рок во оние делови на Атлантскиот Океан каде тие можат да претставуваат закана за воените бродови на НАТО, јави синоќа Волстрит журнал.
Воени аналитичари за весникот изјавија дека кон крајот на минатата година десет руски подморници со свои бази лоцирани во арктичкото крајбрежје на Русија отпловиле во западен правац кон Северен Атлантик. Тоа само по себе не претставува само демонстрација на сила на руската воено-поморска флота за заштита на својата територија, но и демонстрација на сила во Атлантикот, истакнуваат тие.
-Тоа станува регуларно, повеќе подморници, уште подалеку, на подолг временски рок, изјави еден од собеседниците.
Изданието заклучува дека растечките активности на Москва во Атлантикот ја поткопуваат стратегијата за зацврстување на НАТО која зависи од брзо распоредување на американски трупи за одбрана на европските сојузници.