Вонредна состојба во Порторико по серија земјотреси, најсилниот од 6,4 степени

/ 07.01.2020

Вонредната состојба е прогласена по низа земјотреси кои го погодија овој карипски остров, вклучувајќи и еден со јачина од 6,4 степени по Рихтеротвата скала.

Во потресите настрадало најмалку едно лице, прекинато е снабдувањето со струја во поголем дел од островот и нанесена е голема материјална штета, известуваат властите и медиумите, пренесе Канал 5 повикувјќи се на „Ројтерс“.

Васкес рекла дека сите компании во јавниот сектор, освен оние кои се бават со итни услуги, денес ќе бидат затворени и дека се спроведуваат итни планови.

Островот е погоден од серија земјотреси во последните денови. Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер го погоди Порторико пред зора, три часа подоцна следел нов потрес од шест степени, по кој во некои подрачја се пријавени големи штети.

Осум луѓе биле повредени во градчето во близина на епицентарот на земјотресот, пренесе „АП“.

Објавено е предупредување за цунами но подоцна е повлечено.


Од истата категорија