Руските власти денеска воведоа „локална вонредна ситуација“ во јужниот град Тихорецк, откако наредија евакуација по нападот на украинско беспилотно летало за кој Киев рече дека погодил складиште за оружје.
Гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратиев, на социјалните мрежи објави дека „воведен е локален режим на вонредна ситуација за да се организира помош за луѓето и навремено да се решат сите прашања поврзани со инцидентот“.