Рано утринава во 4 часот и 20 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека се случил грабеж.
На бензинска пумпа на улица “Кемал Сејфула“ од страна на две непознати маскирани лица со закана со пиштол извршено било разбојништво, при што од вработените одзеле една чанта во која имало околу 3.000-4.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.