Министерката за одбрана во техничката Влада Славјанка Петровска, денеска на брифинг со претставниците на медиумите ќе информира за набавката на нови хеликоптери за Армијата на Република Македонија.
На брифингот, како што соопшти Министерството за одбрана, презентација ќе одржи заменикот командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игор Чкоров.
Како што облјавивме вчера, министерката Петровска најави купување на 8 воени хеликоптери од Италија, како и оклопни транспортери од САД.
Фото:МИА архива