Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари. Тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало.
Родителите, како и вработени и раководител на објектот дале заверени изјави заверени изјави.
Информнацијата е точна, изјавила директорката на градинката Маја Велинова за телевизија Телма.
Негувателката е суспендирана и против неа е покрената дисциплинска постапка.
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, за телевизија Канал 5 рекол дека до него стигнале информации дека негувателката не е суспендирана, туку дека е префрлена во клон на градинката во велешкото село Каласлари, што според него е обид инцидентот да се стави под тепих.
Градоначалникот вели и дека очекува директорката да си поднесе оставка, а негувателката да биде суспендирана до разрешницата.