Директни канали за комуникација се воспоставени меѓу руското и европски министерства за одбрана и армијата со цел спречување опасни воени активности и намалување на шансите од инциденти каков што беше во Керчкиот Теснец. Тоа го зијави денеска заменикот руски министер за одбрана Александар Фомин.
Тој рече дека се воспоставени комуникации меѓу МО и армијата на Русија со министерствата во Франција, Велика Британија, Финска и Шведска.
Фомин додаде дека тој потег ќе создаде можност да се избегне „сериозен развој“ на ситуацијата.