Возач на автобус во Сплит, Анте Бонацин (35) одлучил да реагира на безчувствителноста на патниците кои му влегле во автобусот.
На станицата чекало момче во инвалидска количка. Возачот кога стигнал ја отворил средната вратата. Момчето не успеа да влезе додека другите патници се туркале да влезат внатре.
Тогаш Анте станал и ги натерал патниците да излезат од автобусот и да влезат на првата врата. Попатно им спомнал неколку зборови за нивното однесување.
За овој потег на Анте, кој се случил во август 2018 година, тој на 1-ви февруари ќе ја добие наградата „Гордост на Хрватска”.