Суспензијата на воздушниот сообраќај над Пакистан доведе до целосен хаос на летовите, посебно на релација Азија – Европа.
Одредени авио-компании го надминаа проблемот на тој начин што редовните летови ги испраќаа по алтернативни рути. Повеќе од 4.000 патници останаа заробени на аеродромот во Бангкок, соопштија локалните власти.
Авио-компанијата „Таи ервејз“ ги пренасочи своите летови кон Европа за да не лета над воздушниот простор на Пакистан. Слично постапи и компанијата „Малезија ерлајнс“, која издаде соопштение на својата официјална веб страница дека до „следното известување“ нема да лета над Пакистан.
Западните медиуми информираат дека имало одредени проблеми и со летовите од северот на Индија, но дека денеска е вратено во нормала.
„Ер Чајна“ го откажа денешниот лет од Пекинг за Исламабад, а дополнително ќе се одлучува за статусот на овој лет.
Авио-компаниите во Обединетите Арапски Емирати и Бахреин – Етихад, Емирати и Галф ер – веднаш ги запреја летовите кон Пакистан.
Пакистанските воздухопловни власти соопштија дека суспензија на воздушниот сообраќај че биде укината вечерва на полноќ. Сообраќајоте привремено запрен по ексалацијата на судирите меѓу Пакистан и Индија, откако пакистанската војска собори два индиски борбени авиони и зароби еден пилот.