Русија почна воздушни напади врз инфраструктурата во северната сириска провинција Идлиб, која во последно време е големо упориште на бунтовниците, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Четири руски воени авиони гаѓаа цели поврзани со бунтовниците, вклучително и нивен магацин за оружје и база за лансирање на дронови, а руската армија тврди дека метите се далеку од станбените населби. Русија тврди дека со тоа оружје бунтовниците ги напаѓале руските воени бази во Сирија.
Русија првпат воено интервенираше во Сирија во 2015 година, кога дојде до пресврт во сириската граѓанска војна во корист на силите на претседателот Башар ал Асад.
Во вчерашните воздушни напади врз Идлиб загинаа осум лица.