Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило.
Од нив, двајца (во Куманово и Дебар) управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека двајца (во Кичево и Чашка) со впишана активна забрана за управување на возило.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.




