Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што ги погоди островот Родос во Грција и крајбрежниот град Мармарис во Турција во текот на ноќта ги преплавија социјалните мрежи.
Сцени на паника, вресоци и луѓе што буквално скокаат од прозорци за да се спасат – сведочат за обемот на ужасот што го погоди регионот.
Marmaris açıklarında meydana gelen 5.8 büyüklüğündeki deprem kameralara yansıdı. pic.twitter.com/Nl8XRTLM9p
— gdh (@gundemedairhs) June 3, 2025
Земјотрес со јачина помеѓу 5,8 степени според Рихтеровата скала, според разни извештаи, се случил околу 00.30 часот во близина на Родос, а вториот земјотрес во Мармарис во 2.17 часот. Епицентарот бил во морето, на длабочина од 68 километри. Земјотресите биле почувствувани во делови од Грција, Турција, Египет, Сирија и во неколку други земји во регионот.
Според официјалните информации, четиринаесетгодишното девојче Афранур Гинли починало во болница по напад на паника предизвикан од земјотресот. Иако лекарите се обиделе со сè, девојчето не преживеало. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, ја потврди смртта на девојчето и додаде дека 69 лица се повредени – повеќето од нив кога панично бегале од згради скокајќи низ прозорци или од балкони.
Marmaris açıklarında 5.8 büyüklüğünde deprem kamerada (3) pic.twitter.com/VzJpQtiT7e
— Egepostası (@egepostasicom) June 3, 2025
Во покраината Мугла, каде што се наоѓа Мармарис, според првите процени, не е регистрирана значителна материјална штета. Министерот за градежништво Мурат Курум изјави дека ниедна станбена зграда не е уништена, но дека процената на теренот сè уште се врши.
Додека многу локални жители, како и туристи, беа зафатени во сон и целосно неподготвени за такво сценарио, службите за итни случаи реагираа бргу. Луѓето бегаа од хотелите, од хостелите и од куќите во паника, некои боси и полуголи. На Родос туристите добија итна порака од туристичките агенции, вклучувајќи го и TUI, во која им се наложува да останат смирени и да ги следат упатствата на локалните власти.
Aydın’da halk deprem sonrası sokağa çıktı.#SONDAKİKA #Deprem #Muğla #Marmaris #3lüÇete pic.twitter.com/0bYXmERzJr
— BİRCAN YILDIRIM (@BRCNYLDRM_) June 2, 2025
Директорот на Центарот за географски информациски системи на Универзитетот „Мугла“, Чејхун Узчелик, изјави дека не се очекува значително цунами, но предупреди дека граѓаните треба да се држат подалеку од брегот најмалку еден час по земјотресот и сериозно да ги сфатат упатствата на властите.
Во Мармарис, Фетхие и во Бодрум – популарни туристички дестинации во Мугла, кои минатата година беа домаќини на дури 3,7 милиони странски туристи, сега постои неизвесност и загриженост, според светските агенции.
Сè уште се очекуваат потреси, а експертите апелираат до сите граѓани и посетители да останат претпазливи.