Данската тенисерка Каролина Вознијацки победи на турнирот во Пекинг.
Taa во финалето ја совлада Анастасија Севастова од Латвија во два сета со 6:3, 6:3.
Натпреварот траеше околу 90 минути, а искусната данска тенисерка не дозволи да биде изненадена.
За Вознијацки ова е трета титула оваа година, а вкупно 30-та во кариерата.