Дел од вработените во Клиничкиот Центар во Скопје денеска излегоа на протест по одлуката на градоначалникот Петре Шилегов, за зголемување на цените за паркирање на Клиничкиот центар за вработените, како мерка за спречување на загадувањето.
Тие најавија дека нема да отстапат од нивните барања, и ќе продолжат со протест се додека не биде повлечена оваа одлука.
Вработените од Клинички велат дека паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на градски паркинзи Скопје. Тие најавија дека следниот чекор ќе им биде блокада на наплатата за излез од Клинички центар.